Заврши преодниот рок во Италија, а со самото тоа исчезнаа сите желби на Илија Несторовски дека новата сезона ќе ја стартува во елитното друштво на Апенинскиот полуостров.
Палермо беше расположен за продажба, но за разлика од последните два преодни рока овојпат немаше премногу заинтересирани клубови за македонскиот голгетер. Најзагрени делуваа челниците на Удинезе, но тие испратија само понуда за позајмица, сицилијанскиот клуб ги одби, по што „фриулијаните“ се решија за друг голгетер.
Нивниот избор падна на Лукаш Теодорчик, 27-годишниот напаѓач за чии услуги му платија на Андерлехт седум милиони евра. Белгискиот клуб пред две години плати 4,5 милини евра за да го доведе Полјакот, па во секој случај заработи на него, а заминувањето на Теодорчик нема да влијае премногу врз играта на Андерлехт во ситуација кога прв голгетер е летово ангажираниот Сантини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА