Ништо од Облак, ПСЖ нема да купува нов голман

Јан Облак ќе продолжи да го брани голот на Атлетико Мадрид, откако челниците на ПСЖ ги демантираа гласините дека се близу до ангажман на словенечкиот репрезентативец. Облак и сезонава брани во одлична форма, а дел од медиумите шпекулираа дека преговорите со ПСЖ влегуваат во завршна фаза и „светците“ подготвуваат понуда од 100 милиони евра.

Сепак, ваквите информации утрово беа демантирани од страна на спорскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике.

Нема ниту ронка вистина. Една работа треба да е јасна, ние не се интересираме ниту за Облак ниту за било кој друг голман. Ги имаме Ареола и Трамп, третиот голман Реми Дескамп ќе се врати на терените во јануари и немаме потреба да носиме нов чувар на мрежата“ – изјави Енрике.

За очекување е францускиот гигант во јануари да биде активен само со продажба на фудбалери, се со цел да ги израмни сметките по богатите трансфери на Мбапе и Нејмар од минатото лето.

Се вчитува...