Ништо од перфекција – Вардар запрен во финалето на квалификациите за ЕЈБЛ лигата

Македонскиот претставник на овогодишното издание на Европската младинска кошаркарска лига, Вардар по убедливите победи во квалификациите за групата фаза од натпреварувањето забележа пораз од 81-69 во финалниот натпревар против Хонвед.

Но, и покрај поразот „црвено-црните“ ќе продолжат со настапите во натпреварувањето бидејќи пласманот во групната фаза беше обезбеден со самиот пласман во големото финале.

Како потсетување, Вардар во групата фаза забележа убедливи победи против Хонвед и МАФЦ, а во полуфиналниот меч кој беше одигран утрово славеше и над Зирос Академија со 74-38.

Како награда за успшениот настап Вардар доби и член во идеалната петорка на турнирот. Имено, членот на репрезентацијата до 14 години, Жарко Терзиевски со просек од 19.5 поени по меч беше еден од најзаслужните за трите победи на македонскиот тим.

Се вчитува...