Ништо од Санчо, Солскјер ќе мора да се задоволи со Сар

По се изгледа трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед нема да се оствари и одличниот млад англиски фудбалер ќе остане во Борусија Дортмунд и сезонава. Поради тоа менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се врти кон потписот на ѕвездата на Вотфорд, Исмаила Сар, за пополнување на крилните позиции.

Сар кој ги брани боите на Вотфорд кој во моментов се натпреварува во Чемпионшип не е задоволен од тоа што игра во втората по ранг англиска лига и што поскоро сака да се врати во елитата. Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги како би ја засилил конкуренцијата на крилните позиции која очигледно во тимот е „најтенка“. Покрај „црвените-ѓаволи“ за услугите на Сар е заинтересиран и актуелниот шампион Ливерпул.

Сенегалецот во Вотфорд е од минатата сезона. Во првата година во Премиер-лигата тој запиша 29 настапи на кои постигна пет гола.

Се вчитува...