Ништо од трансферот во Милан, Ибрахимовиќ останува во ЛА

Златан Ибрахимовиќ наместо најавената преселба во Милано, сепак, реши да остане во Лос Анџелес.

Искусниот Швеѓанец веќе со недели се поврзуваше со трансфер во Милан, неговиот менаџер беше во преговори со раководството на „росонерите“ и се чинеше дека трансферот е пред реализација. Но, во последен момент дојде до пресврт.

Ибрахимовиќ, на крај сепак решил да остане во американската МЛС лига. Главна причина за ваквата негова одлука е семејството, Според италијанските и шведските медиуми, на неговтаа сопруга и на децата им се допаѓа животот во Лос Анџелес и немаат намера да се враќаат во Европа. Тоа влијаело и Златан Ибрахимовиќ да ја одбие понудата од Италија и да остане во МЛС.

Освен тоа, уште еден фактор за промена на планот е и најавата од челниците на ЛА Галакси се подготвени да му понудат повеќе пари за продолжување на договорот.

Не е исклучена ни можноста Ибрахимовиќ по потпишувањето на новиот договоr со Американците, сепак, да замине во Милан на определен период како позајмен играч, а неговото семејство да остане во Лос Анџелес.

Ибрахимовиќ имаше извонредна деби-сезoна во МЛС лигата, во 34 натпревари за ЛА галакси постигна 34 гола и беше убедливо најдобар играч, но тимот сепак не успеа да обезбеди пласман во плејофот.

Се вчитува...