Ништо од Вардар – Ивиќ го избра Гумерсбах

Вардар остана без уште едно посакувано засилување за наредната сезона откако Филип Ивиќ реши својата кариера да ја продолжи во Бундес-лигата, прифаќајќи ја понудата на Гумесбах.

Хрватскиот голман реши да си замине од Кјелце една година пред истекот на договорот со полскиот шампион, а како една од опциите за негов ангажман беше споменуван и Вардар, како клуб што и претходно се интересираше за услугите на Кјелце.

Сепак, челниците на Гумерсбах реагираа експресно, договарајќи ги условите за двогодишна соработка со Хрватот, почнувајќи од 1 јули 2019. Тој ќе го заземе местото на Мориц Пројс, кој ќе се пресели во Магдебург. Ивиќ е вториот хрватски ракометар што потпишува договор со Гумерсбах откако тоа го стори пивотот на Загреб, Тин Контрец.

Се вчитува...