Ништо од жалбата: Обамејанг доби три меча суспензија

Арсенал ќе мора три натпревари без ѕвездата Пјер-Емерик Обамејанг откако не беше прифатена жалбата за изречената казна поради црвениот картон на дуелот против Кристал Палас.

„Потврдено ни е дека ќе биде суспендиран три натпревари. Тоа е голема загуба за нас посебно затоа што знаеме дека во неговиот старт, кој иако беше грешка, немаше никаква намера. Но тоа е одлуката и мора да ја почитуваме“ – вели менаџерот на „топчиите“, Артета.

Габонецот ќе ги пропушти дуелите со Шефилд јунајтед и Челси во Премиерлигата, како и пресметката со Бурнмаут во ФА Купот.

Се вчитува...