Ница го претстави искусниот бек, Кристоф Жале

Ница официјално го претстави Кристоф Жале, кој доаѓа како слободен играч. Искусниот десен бек го раскина договорот со Лион, кој му важеше до следната година, па за Ница ќе игра во следните две години.

Ова ќе биде петтиот француски клуб за кој Жале ќе настапува, а претходно во кариерата ги бранеше боите на Ниорт, Лориен, ПСЖ, и во последниве три сезони, на Лион.

33-годишниот бек прв пат заслужи место во националниот тим на Франција во 2012 година, дебитираше против Уругвај, а вкупно брои 12 настапи. Жале исто така беше во составот на „триколорите“ за минатогодишното Европско првенство.

На клупско ниво може да се пофали со две награди за најдобар десен бек во француското првенство, во сезоната 2012/13 и 2014/15.

Се вчитува...