Ниту Барса, ниту Баерн: Мане ќе потпише за трет европски клуб ако замине од Ливерпул

Садио Мане сериозно ја разгледува опцијата за заминување од Ливерпул, но негова следна дестинација нема да биде ниту Баерн Минхен ниту пак Барселона, иако овие два тима веќе испратија понуди до агентот на сенегалскиот голгетер. Францускиот шампион ПСЖ е голем фаворит во трката за Мане, откако понудата на „светците“ била значително повисока од сите досегашни што ги добил Сенегалецот во изминатиот период.

Тој има само уште една година од актуелниот договор со Ливерпул, а управата на „црвените“ најави нова рунда преговори за по завршувањето на сезонава. Сепак, Мане е разочаран што целиот фокус во изминатиот период беше на преговорите со Салах, а тој беше оставен во заден план, па лесно може да се случи сенегалскиот голгетер летово да ги смени клупските бои. Доколку не биде постигнат договор за продолжување на соработката на почетокот на летото, се очекува Ливерпул да бара најмалку 40 милиони фунти за овој одличен голгетер.

ПСЖ речиси сигурно ќе остане без Мбапе, неизвесна е судбината и на Нејмар, а управата на „светците“ планира да го доведе Мане како едно од двете топ-засилувања за нападот за наредната сезона. Како опција се споменува и Дембеле од Барселона, а нема да изненади доколку францускиот гигант тргне по Салах и Мане во „пакет“, со оглед на фактот дека нивните договори со Ливерпул истекуваат во јуни 2023.

Се вчитува...