Погба одлучи да го спроведе рецептот „Мбапе“!

Пол Погба не сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и тоа нема никаква врска со доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Имено, Французинот им повтори на челниците дека не сака да остане во таборот на „црвените ѓаволи“, а Рајола повеќе и не преговара за нов договор. Имено, намерата на Погба е да игра до крајот на сезоната, а потоа како слободен играч да ја напушти Премиер-лигата.

Французинот ќе го спроведе „планот на Мбапе“, како што велат во Англија, ќе ги отфрли сите идни понуди за продолжување на договорот, доколку ги има, а се’ со една и единствена цел, од следната сезона да замине во Реал Мадрид.

Јунајтед верува дека доаѓањето на Роналдо е последниот камен во мозаикот за титулата што ја чекаа осум години, но медиумите се скептични. Тие се’ уште уште веруваат дека Роналдо не може значително да го промени односот на силите со Сити или Челси, иако Гвардиола остана без посакуваните засилувања во нападот.

Останува да видиме каков ќе биде крајниот расплет на настаните, Манчестер Јунајтед несомнено има одличен тим, апетитите пораснаа, најдоа лидер во Кристијанп, така што фановите на „црвените ѓаволи“ сигурно имаат причина за оптимизам.

Се вчитува...