Ниту Дражен, ниту Јокиќ: Само еден екс-ју кошаркар во најдобрата европска петорка на сите времиња во НБА

НБА-лигата денеска го објави изборот на најдобрите европски кошаркари кои некогаш биле дел од најсилната лига во светот. Од најдобрите петмина, само двајца се уште активно играат на НБА-терените ширум САД, а само еден од идеалната петорка доаѓа до просторите на поранешна Југославија.

Интересно, тоа не е ниту актуелниот МВП на лигата, Србинот Никола Јокиќ, ниту пак легендарниот Хрват Дражен Петровиќ, бидејќи најмногу гласови од сите екс-ју кошаркари во гласањето добил Лука Дончиќ. Друштво на словенечката суперѕвезда во најдобрата европска петорка во историјата на НБА прават Дирк Новицки, кој доби убедливо најмногу гласови, потоа Јанис Адетокумбо, Тони Паркер и Пау Гасол.

Дражен Петровиќ и Никола Јокиќ се најдоа во втората најдобра петорка на сите времиња, заедно со Пеџа Стојаковиќ, Арвидас Сабонис и со Тони Кукоч.

Се вчитува...