Ниту еден клуб во светот не застана на страна на Манчестер Сити

Манчестер Сити минатата седмица доби забрана за настап во Лигата на шампионите следните две години и 30 милиони евра парична казна од страна на УЕФА. Актуелниот првак на Англија е казнет поради кршење на финансискиот фер-плеј, по што веднаш беше упатена жалба кон Судот за спортска арбитража во Лозана. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола тврди дека никој од светот на фудбалот не застана на страна на неговиот тим во спорот со УЕФА.

„Дали добив пораки на поддршка? Не“, накратко одговори Гвардиола. 

Од клубот од „Етихад“ се надеваат дека судот за спортска арбитража во Лозана ќе одлучи во нивна полза и дека забраната за настап во елитното европско фудбалско натпреварување ќе биде повлечена.

Се вчитува...