Ниту еден Шпанец на списокот: Еден од овие четворица ќе биде тренер на Барселона

Чави Хернандез на крајот на сезоната и дефинитивно ја напушта Барселона, а добро инфомирани каталонски извори ја открија конечната листа од четири имиња, и еден од овие сигурно ќе биде тренер на „Каталонците“ во лседните сезони.

Изборот паднал на Ханс Флик, Томас Тухел, Јулијан Нагелсман или Роберто Де Зерби. Дури тројца се Германци, и еден Италијанец, без Шпанец на списокот на актуелниот шпански првак.

Флик е се чини најблиску да го наследи Чави, и поради тоа го ангажирал менаџерот Пини Захави. Меѓутоа постои опција Флик да се врати во Баерн, и токму од тука тоа е најголемиот проблем за Барса. Добра вест е што Флик повеќе сака да се пресели во Барса, отколку да се врати во Минхен.

Томас Тухел сонува за шпанскиот клуб, и покрај тоа што повеќе би сакал во Премиерлигата, доколку се отвори можност за Манчестер Јунајтед. Тој ќе биде слободен во јуни, откако договори раскинување на соработката со Баерн. Тухел тактички е одличен, но многумина му замеруваат за неговиот проблематичен карактер, и дека не умее да ја држи соблекувалната.

Третиот Германец е Јулијан Нагелсман, кој има договор со Германија до крајот на ЕП, но Барселона не била негов приоритет. Негова желба била да се врати во Баерн, и да им покаже на сите дека вреди да биде тренер на најтрофејниот, од каде беше избркан во март минатата година.

Најтешка желба е Де Зерби, пред се поради финансиски причини. За да го ангажира, ќе треба да плати отштета од 15м илиони евра. Исто така Италијанецот е желба и на неколку други клубови, пред се од Милан, Баерн и Јунајтед.

Се вчитува...