Со Борнмут испадна од Премиер-лигата, сега треба да го спасува Њукасл од иста судбина

И покрај тоа што влегоа нови „газди“ во Њукасл кои и те како немаат проблем да го одврзат „ќесето“, сепак наидоа на проблеми уште на самиот старт од нивниот мандат. Иако сакаа да доведат некое звучно име на клупат, сепак тоа ќе биде проблеми бидејќи никој не сака да се нафати да го води тимот кој во моментов е на претпоследната позиција на табелата во Премиер-лигата.

Стив Брус е веќе минато, а раководството на клубот сега се насочи кон младиот англиски стратег Еди Хaу. Тој во моментов е без ангажман, а има искуство во водење тим во Премиер-лигата, oткако беше на чело на Борнмут. Хау е без ангажман уште од крајот на сезоната 2019/2020, кога си поднесе оставка по испаѓањето на Борнмут од Премиер-лигата. Станува збор за стратег што отсекогаш инсистирал на максимално офанзивен фудбал, дури и при водењето на просечен состав како Борнмут, што е чиста спротивност на ултра-дефанзивните тактики на доскорешниот стручњак Стив Брус.

Според британските медиуми, преговорите се наоѓаат во завршна фаза и Хау би можел да потпише договор во наредните 24 часа, по што би можел да го води тимот на наредниот премиерлигашки дуел со Евертон.

Се вчитува...