Ниту финале во ЛШ не може да го спаси Пиоли од отказ во Милан

Фудбалерите на Милан вечерва ќе имаат тешка задача да ја надополнат негативата од 0-2 од првиот натпревар против Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Евентуалниот неуспех ќе ја зголеми кризата во редовите на „росонерите“, чии последни резултати во Серија А придонесоа да излезат од местата кои водат во ЛШ следната сезона.

Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми судбината на Стефано Пиоли на клупата на „росонерите“ веќе е запечатена и дури и пласман во финалето на елитното натпреварување нема да ја спаси неговата работа.
Најсериозен кандидат за позицијата е Антонио Конте, кој во моментов е без ангажман, а за кого не би било проблем да го води составот од Милано и покрај претходните тренерски ангажмани во ривалите Интер и Јувентус.

Се вчитува...