Пелистер и покрај огромната желба не успеа да стигне ниту до позитивен резултат, ниту барем до погодок, во двете пресметки со полскиот Лех Познањ во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа. На реванш дуелот во Струмица, „пелистерци“, загубија од Полјаците со 0-3 (0-1).
Тимот од Познањ, по оние 4-0 од првиот меч, и по првите 45 минути на стадионот „Младост“ во Струмица стигна до водство од 0-1 со голот на Тралка во 39. минута од средбата… Сето тоа како најава за новата убедлива победа.
Пелистер, во добра мера, заслужи барем погодок на натпреварот, барем според играта во второто полувреме, но не успеа во тоа.
Наспроти тоа гостите постигнаа уште два погодоци заокружувајќи го убедливото издание и пласманот во следната рунда натпревари. Најпрво Јевтиќ погоди во 66. минута од средбата, а потоа Језвиак во 77. минута заокружи за конечни 0-3, и вкупна победа на Лех Познањ од 0-7.
ЛИГА ЕВРОПА – 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (реванш меч)
ПЕЛИСТЕР – ЛЕХ ПОЗНАЊ 0-3 (0-1)
Стадион „Младост“ во Струмица. Гледачи: 2.000. Главен судија: Франсоа Летексие (Франција: Стрелци: Тралка 39′, Јевтиќ 66′, Јозвиак 77′ (Л). Ж. картони: Маркоски (П).
ПЕЛИСТЕР: Јовановски, Тошевски, Љамчевски, Ковачев, Илиев, Тодоровски (46′ Лукаш), Пеев, Маркоски (60′ Цветаноски), Петров (76′ Трифуновски), Фернандо, Илијоски
Тренер: Наџи Шенсои
ЛЕХ ПОЗНАЊ: Буриќ, Гамни, Нилсен, Тетех, Тралка, Гајош, Шитум (46′ Макушевски), Н. Нилсен, Костевич, Баркрот, Мајевски (Јевтиќ 46′)
Тренер: Ненад Бјелица
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА