Стандардниот дефанзивец на репрезентацијата на БиХ, Тарик Мухаремовиќ донесе одлука за иднината, изненадувајќи многумина со преселбата во Премиер-лигата во редовите на Лидс јунајтед.
Овој фудбалер имаше одлична сезона во дресот на Сасуоло, со што го привлече вниманието на гигантите Интер и Јувентус. „Старата дама“ поседуваше 50% од правата врз Мухаремовиќ, но тој одби да се врати во Јуве, во меѓувреме ги откачи и „нероаѕурите“ и на крајот за сума од огромни 40 милиони евра (половина од нив ќе завршат на сметката на Јувентус) се пресели во Лидс.
„Ќе дадам се за овој клуб, најдоброто од себе, на секој натпревар. Сакам само да победувам“, изјави 23-годишниот Мухаремовиќ.
Тој доаѓа на „Иланд роуд“ како замена за Паскал Страјк, кој минатиот месец за сума од 20 милиони фунти се пресели во редовите на Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
