Ниту Интер, ниту Рома – Фертонген го избра новиот клуб

Бенфика ќе биде новиот клуб на белгискиот репрезентативец Јан Фертонген, кој по преговорите со неколку екипи ширум Европа на крајот сепак ја избра Португалија за следна дестинација во кариерата. Интер и Рома беа во трка да го доведат Фертонген, кој беше достапен како слободен играч по истекот на договорот со Тотенхем, но на крајот пресуди фактот дека Бенфика единствена му понуди тригогодишен договор на Белгиецот, услов на кој 33-годишниот Фертонген инсистираше во текот на преговорите.

Тој веќе се наоѓа во Лисабон, каде денеска по лекарските прегледи и официјално ќе биде претставен како големо засилување за португалскиот гигант.

Бенфика не стигна до титулата во португалското првенство, поради што ќе мора преку квалификации да се бори за место во Лигата на Шампионите. По Фертонген, тренерот Жесус се надева дека ќе донесе уште еден голем ас ќе прифати преселба во Лисабон, откако во завршна фаза влегоа и преговорите со Единсон Кавани.

Се вчитува...