Ниту Лука Дончиќ не помага: Голден стејт во големото НБА-финале! (ВИДЕО)

Голден стејт се избори за големото финале во НБА лигата откако славеше против Далас со 120-110 и со вкупни 4-1 во серија триумфираше во Западната конференција. Кошаркарите на Голден стејт на тој начин ќе играат по шестти пат во финалето во последните осум години.

Домашните доминираа од самиот почеток на синоќешниот натпревар, сосема заслужено доаѓајќи до победата.

Томпсон со 32 поени беше најефикасен кај Голден стејт, додека Вигинс запиша 18 поени, а Грин – 17 поени. Пол дополни со 16 поени, а Стеф Кари мечот го заврши со 15 постигнати поени.

На спротивната страна Лука Дончиќ запиша 28 поени, но со крајно лош процент на шут од игра.

Во големото НБА-финале Вориорс ќе играат против Мајами или Бостон. Во моментов во финалето на Истокот, Бостон води со 3-2 во серијата и на домашен терен вечерва ќе може да се избори за финалето.

Се вчитува...