Ниту Манчестер Сити не го сака Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо бара начин за да замине од Јувентус пред крајот на преодниот рок, но проблем е што ниту еден клуб не е посериозно загреан за да го доведе португалскиот ас во своите редови. Менаџерот Жорге Мендеш денеска ќе пристигне во Торино на разговор со својот клиент, но веста што Роналдо ќе ја чуе нема да биде нималку пријатна, откако и Манчестер Сити се оладил од идејата да го ангажира во своите редови. Поточно, желба кај „граѓаните“ постои, но овој клуб нема намера да инвестира богатство во играч кој се наоѓа на залезот на војата кариера.

Кристијано се надеваше дека по пропаднатите преговори со Кејн сега Сити ќе тргне во офанзива за негов трансфер, но тоа не се случило. Мендеш го понудил Португалецот на актуелниот англиски првак, но „граѓаните“ не се заинтересирани од две причини – поради превисоката плата на Кристијано од 31 милион евра и фактот дека Јуве бара отштета од 30 милиони евра за овој фудбалер. Како план Б италијанскиот гигант е подготвен да го размени Роналдо за Габриел Жезус, но челниците на Сити експресно ја отфрлиле и оваа опција.

Сити воопшто нема намера да плаќа отштета, па згора на тоа да му нуди на Роналдо договор на две сезони (колку што бара) за платата што моментно ја заработува во Јувентус. Мендеш пристигна во Торино во обид да го натера Јуве да го ослободи Кристијано да си замине без отштета, но тоа е речиси невозможно.

Се помалку време останува до крајот на преодниот рок, а со тоа се повеќе се намалуваат шансите дека Кристијано до крајот на сезонава ќе си замине од Јуве.

Се вчитува...