Ниту одличниот Дончиќ не му помогна на Далас – Голден Стејт со пресврт до уште една нова победа во финалето на западот (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорс го совлада Далас Маверикс со резултат 126-117 и поведе со 2-0 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.

Кошаркарите на Далас одиграа одлично прво полувреме, уфрлија дури 15 тројки, па гостите на овој начин имаа 19 поени предност, но тоа не го искористија за израмнување на серијата. Маверикс исчезнаа од теренот во вториот дел. Вориорс ја презеде контролата на резултатот во последната четвртина за победа од 2-0 во серијата.

Лука Дончиќ се истакна кај гостите, Словенецот го заврши овој меч со 42 поени, осум асистенции и пет скока, додека Стивен Кари ги предводеше Вориорси до победата со 32 поени, осум скока и пет асистенции.

Серијата сега се сели во Далас каде ќе се играат следните два натпревари од финалето на Западната конференција.

 

Се вчитува...