Ниту одличниот Јокиќ не успеа да го спаси Денвер од пораз – Минесота со триумф над Голден Стејт

Во овој момент, тимот на Јута е премногу силен за Денвер, а оваа моќ беше демонстрирана синоќа во Колорадо. Гобер се врати со 18 поени и 18 скока, Донован Мичел додаде 31, Бојан Богдановиќ имаше 21 поен.

Јута ги освои сите три натпревари оваа сезона против Нагетс, а како и минатиот пат, така и овој пат одлучи последната четвртина.

Никола Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл, 25 поени, 15 скока и 14 асистенции, ова е негов втор трипл-дабл во сезоната, деветти во сезоната, а по оваа бројка се изедначи со Расел Вестбрук.

„Не погодивме ништо во последната четвртина, кога тие одиграа најдобро што можеа. Дотогаш бевме добри, но последниот период беше навистина лош, затоа загубивме”, објасни Јокиќ за поразот.

Денвер ќе одмори неколку дена, а ќе игра со Клиперс во среда, дома. Јута вечерва ќе игра против Лејкерс. На НБА сцената особено се истакна и Карл Ентони Таунс, кој постигна 26 поени и 11 скока, па на овој начин одигра клучна улога во победата на Минесота над Голден Стејт (119-99).

Резултати:

Сакраменто – Хјустон 112-118
Денвер – Јута 102-125
Минесота – Голден Стејт 119-99
Детроит – Феникс 108-135

Се вчитува...