Ниту Покетино, ниту Конте, еден е идеален – Невил го избра „најдоброто“ за Јунајтед по Солскјер!

Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Гери Невил по завршувањето на фудбалската кариера одблиску ги следи случувањата во тимот на „црвените ѓаволи“, па се поизвесно е дека не се согласува со работата на Оле Гунар Солскјер. Силната поддршка од некогашните колеги која ја имаше Солскјер, полека како да попушта и пропушта.

Еден од најгласните аналитичари е Гери Невил, кој не се согласува со стратегијата на Солскјер, па даде анализа за тоа кој би бил најдобриот тренер во иднина за клубот.

„Јунајтед сега игра против Ливерпул, Оле мора да си ги реши проблемите во тимот. Јунајтед мора да го врати борбениот дух и динамиката во тимот. Што се однесува до шпекулациите за нов тренер, се вртат имињата на Покетино, Конте и Зидан, доколку ме прашате, на Јунајтед не му одговара стилот на Антонио Конте, тој да, беше добар со Челси во минатото, но Јунајтед не му одговара. Исто е и со Покетино, сметам дека Зидан би бил најидеален за тренер на „Олд Трафорд“, потенцираше Невил.

Се вчитува...