Ниту рекордот на кариерата на Дурант не е доволен за Бруклин да победи

Резултатската криза на Бруклин нетс уште повеќе се продлабочи откако „мрежичките“ загубија на гостувањето во Атланта со 122-115, од директниот ривал за што подобар пласман во пресрет на плејофот (или плеј-ин натпреварувањето). Кевин Дурант го одигра својот најдобар меч во кариерата, крилниот кошаркар беше незапирлив постигнувајќи фантастични 55 поени, но и тоа беше недоволно за Бруклин да триумфира. Пресудна се покажа втората четвртина што „јастребите“ ја добија со 37-20, стигнувајќи до предност што знаеја како да ја задржат до самиот крај.

Тре Јанг беше одличен во тимот на Атланта постигнувајќи 36 поени, дури девет од нив во последната минута, не дозволувајќи им на гостите да направат пресврт во завршницата.

Голден Стејт ја прекина серијата од четири порази, триумфирајќи на домашен терен над Јута со 111-107. „Воините“ повторно беа без Стеф Кари, а мечот го свртеа во своја полза во последната четвртина што ја добија со 30-20. Клеј Томпсон беше предводникот на Голден Стејт со 36 поени на овој натпревар, додека Пул го заврши мечот со 31 поен.

Резултати НБА:

Атланта – Бруклин 122-115, Чикаго – Мајами 109-127, Голден Стејт – Јута 111-107, Њујорк – Кливленд 101-119.

Се вчитува...