Ниту Роналдо не можеше да го спаси Солскјер од нов кикс, Јунајтед на домашен терен се задоволи само со реми (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во последното коло пред репрезентативната пауза успеа да се задоволи само со реми против Евертон, успевајќи во еден тежок натпревар да одигра 1-1 на домашен терен.

„Црвените ѓаволи“ овој дуел го стартуваа без првата ѕвезда во тимот Кристијано Роналдо, но и без Пол Погба, фудбалери кои Оле Гунар Соллскјер реши да ги одмори. Во првиот дел фудбалерите и на двете страни понудија одлична и динамична игра, шанси се редеа пред голот на гостите, како и пред голот на Де Хеа, но без успешна реализација. Сепак, тогаш кога сите помислија дека на полувреме ќе се замине со 0-0, на сцена стапи „диригентот“ Бруно Фернандеш, кој прими одлична топка и асистираше на Ентони Марсијал, кој успеа да ја затресе мрежата и да донесе минимално водство од 1-0 по првите 45 минути игра.

На почетокот од второто полувреме следуваа брзи замени кај Јунајтед, па на задоволство на публиката влегоа Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо, но по само неколку минути од нивното влегување во игра следуваше брза контра за Евертон, па гостите преку Андрос Таунсенд успеаа да израмнат на 1-1.

До крајот на натпреварот следуваше голема тензија, фудбалерите на Солскјер никако не можеа да се составот, а пред 90-та минута дури и дозволија да примаат гол, но за нивна среќа ВАР одлучи дека е офсајд, па конечниот резултат на овој двобој остана 1-1.

Тимот од Манчестер по ова реми има 14 бода и се наоѓа на втората позиција во Премиер лигата, но нивните главните конкуренти допрва треба да ги одиграат натпреварите од 7-то коло. Евертон е веднаш за Јунајтед со ист број на освоени поени.

 

 

Се вчитува...