Се очекува нов тренер на Њујорк Никс да биде Мајк Браун, двапати наградуван за најдобар тренер на годината.
Претседателот на Никс, Леон Роуз, ги разгледува опциите откако Том Тибодо беше отпуштен пред еден месец. Никс не добија дозвола за петте тренери за кои се распрашуваа, но интервјуираа неколку тренери кои се слободни.
Како прв асистент во Голден Стејт и Сан Антонио, каде што работеше со Стив Кер и Грег Попович, Браун беше четирикратен шампион во НБА.
Браун беше отпуштен од Сакраменто Кингс во декември, откако ја започна сезоната со 13 победи и 18 порази, и покрај тоа што ја предводеше франшизата до плејофот за прв пат во 16 сезони претходната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА