Ноа Лајлс не дозволи изненадување на 200 метри

Американскиот спринтер Ноа Лајлс победи во трката на 200 метри, минувајќи ја патеката за време од 19.83 секунди. Тој уште на стартот им побегна на конкурентите и ја задржа предноста до самиот крај. Канаѓанецот Андре Де Грас задоцни 12 стотинки освојувајќи го сребрениот медал, што е второ одличје за него на овој шампионат.

Алекс Куиноњез од Еквадор успеа да стигне до третата позиција со одличен финиш и влезе на целта само три стотинки подоцна од Де Грас.

Интересна беше и трката на 800 метри на која со нов рекорд на шампионатите триумфираше Американецот Донаван Бразиер (1:42.34 минути). Второто место му припадна на босанскиот атлетичар Амел Тука (1:43.47 минути), а бронзата ја освои Кениецот Фергусон Чериот Ротич (1:43.82 минути).

Сензационална освојувачка на златото во фрлање копје е Австралијката Келси-Ли Барбер. Таа во последната серија копјето фрли 66.56 метри и го одзеде најсјајниот медал од Кинеската Лиу Шијинг. Третата позиција и припадна на Лиу Хуихуи.

Голема возбуда донесе натпреварот во скок со стап во машка конкуренција. Долго се бореа со височините Американецот Сем Кендрикс и шведскиот тинејџер Арманд Дуплантис. Двајцата прескокнаа 5.97 метри, но Американецот имаше подобра серија. Бронзата ја освои Полјакот Пјотр Лисек кој летвичката ја прескокна на 10 сантиметри помала височина (5.87 метри).

Се вчитува...