Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија, се врати во националниот тим за да помогне на овој светски шампионат, а искусниот чувар на мрежата синоќа испиша нови страници во мундијалската историја.
Имено, дуелот против Брегот на Слоновата Коска беше вкупно 21. за Нојер на светските првенства, со што Германецот стана голман со најмногу настапи на СП.
На врвот на оваа листа во пресрет на СП 2026 беше Французинот Хуго Љорис со 20 натпревари на голот на „триколорите“, Нојер имаше 19, но со двете средби од почетокот на овој мундијал германскиот ветеран го прескокна Љорис и сега е нов рекордер во оваа категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
