Мануел Нојер до нов мундијалски рекорд

Мануел Нојер се врати од репрезентативна пензија за да ја чува мрежата на Германија на овој мундијал, при што германскиот ветеран испишува историја на терените во САД, Канада и во Мексико.

Германецот стана голман со најмногу мундијалски настапи уривајќи го рекордот на Уго Љорис, а со настапот синоќа против Парагвај тој урна и рекорд на својата репрезентација кога станува збор за светските шампионати.

Имено, вчерашниот меч беше вкупно 23. старт на Мануел Нојер на светските првенства, со што стана рекордер на германската репрезентација, минувајќи ги Лотар Матеус и Мирослав Клосе кои по 22 пати се имаа најдено меѓу првите единаесетмина на „црно-белите“.

Елиминацијата на Германија значи дека Нојер ќе остане на 23, како рекорд што некои идни германски генерации ќе го бркаат на наредните мундијали.

Се вчитува...