Ноќ на „револверашите“: Стеф Кари и Татум незапирливи…. (ВИДЕО)

Стеф Кари Џејсон Татум одиграа одлични натпревари во победата на Бостон над Голден Стејт од 119-114.

Кари беше извонреден со 47 поени, но Татум на крај повторно славеше, завршувајќи го мечот со 44 поени и 10 скока како најзаслужен за тоа што Бостон дојде до 31. победа сезонава.

Одлична ноќ зад себе имаше и Никола Вучевиќ кој со 25 поени беше прво име на дуелот на кој Чикаго славеше со 106-96 против Кливленд.

Мемфис изненадувачки славеше на гостувањето против Милвоки со 115-128. На домашните не им помогнаа ниту 28 поени и 11 скока на Јанис Антедукомбо.

Расположен беше и Бредли Бил со 37 поени во убедливата победа на Вашингтон над Детроит со 121-100.

Феникс изненадувачки доживеа тежок пораз од Сан Антонио со 85-111, со добри партии на Гај и Васел кои завршија со 19 односно 18 поени.

Се вчитува...