Ноќ за историја во НБА: Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња!

Леброн Џејмс постигна 26 поени, 15 скокови и осум асистенции на дуелот со Голден Стејт, но и тоа беше недоволно за ЛА Лејкерс да слават на ова тешко гостување. Сепак, синоќешниот меч ќе остане запишан во историјата бидејќи на него Леброн успеа да го мине Карим Абдул Џабар и да се искачи на врвот на листата на најдобри стрелци на сите времиња во НБА.

Станува збор за листа во која се бројат натпреварите од регуларниот дел од сезоната и од плејоф-средбите, на која Леброн ги надмина досега недостижните 44.149 поени на Џабар.

За успехот да биде уште поголем, на Џејмс му требаа и помалку одиграни натпревари од легендарниот центар (1616 средби на Леброн, наспроти 1797 на Џабар).

Во Топ 10 листата од најдобри стрелци во историјата на НБА нема ниту еден кошаркар кој во моментов е активен, a зад Џабар следат Карл Мелоун со 41.689 поени, Коби Брајант со 39.283 и Мајкл Џордан со 38.297 поени.

Се вчитува...