Ноќта кога навивачите на Реал Мадрид му се поклонија на Роналдињо (ВИДЕО)

На денешен ден пред точно четиринаесет години се одигра еден од мечевите меѓу Реал Мадрид и Барселона кој ќе остане засекогаш запаметен. Барселона предводена од во тој момент најдобриот фудбалер во светот Роналдињо со 3-0 ги прегазија „галактикосите“ предводени од Роналдо, Зидан, Бекам и Роберто Карлос.

Првиот гол го постигна Ето, на додавање на тогаш 19-годишниот Лионел Меси, а потоа стартуваше шоуто на Роналдињо. Првиот гол беше откако ја зема топката на центарот и успеа да издрибла половина тим на Реал Мадрид, меѓу кои и Серхио Рамос, а за вториот гол повторно извиси Рамос и со прецизен удар ја затресе мрежата на Касилјас. По вториот гол се случи моментот за паметење, прв пат по Марадона навивачите на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ му аплаудираа на фудбалер облечен во дресот на Барселона.

Се вчитува...