Нора Мерк пред извесно време најавуваше дека е подготвена да ја заврши кариерата поради честите проблеми со повредите, но норвешката ракометарка во меѓувреме го промени својот став. Откако ЧСМ Букурешт испрати богата понуда за да ја доведе во Романија, Норвежанката едноставно не можеше да одолее, па денеска и официјално потпиша двогодишен договор со поранешниот европски првак.
„Презадоволна сум што можам да објавам дека потпишав договор на две сезони со ЧСМ Букурешт, клуб што верува во мене и во моите квалитети. Помотивирана сум од било кога досега, да се вратам на терените, да продолжам да се развивам како играч и да ја продолжам кариерата како една од најдобрите ракометарки во светот. Искрено верувам дека со тимот на ЧСМ можеме да постигнеме големи работи во наредниот период“ – објави Мерк на својот инстаграм-профил.
Норвежанката всушност ќе ги промени клупските бои со својата сонародничка Аманда Куртовиќ, која по завршувањето на сезонава ќе се пресели од ЧСМ Букурешт во Ѓер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА