Досегашниот тренер на Астон Вила, Дин Смит веднаш најде нов ангажман. Тој денеска беше назначен за нов тренер на Норич.
Смит потпиша две и пол годишен договор со Норич. Тој со Астон Вила беше во Чемпионшип, и успеа да го врати клубот во Премиер-лигата во неговата прва сезона на чело на тимот од Бирмингем.
Тој доаѓа на местото на Даниел Фарке кој доби отказ после првата победа во Премиер-лигата сезонава. За местото на Фарке се споменуваше и Френк Лампард.
Смит пред Астон Вила, работеше во Бренфорд и Волсол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА