Норич го совлада Лестер со минимални 1-0 во првиот натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига со што ја продолжи агонијата на „лисиците“ кои во последните шест натпревари во шампионатот на Англија забележаа само една победа.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 70. минута кога Луси биеше одлично од левата страна и донесе три злато вредни бода за домашниот тим. За издвојување е што претходно поради игра со рака беше поништен голот на Келечи Ихеначо.
Лестер останува на третата позиција на првенствената табела, но сега со само шест бода предност пред четвртиот Челси, но и натпревар повеќе од сините од „Стемфорд Бриџ“. Норич со оваа победа се враќа во трката за опстанок во Премиер-лигата и сега е на само четири бода негатива од местата кои што и следната сезона носат учество во англиската елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА