Норвешка со минимална предност на полувреме против БСК (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Норвешка има предност од 1-0 на полувреме против Брегот на Слоновата Коска во натпревар од шеснаесеттина финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

И двете репрезентации тргнаа многу внимателно, па по првите 15 минути не видовме ниту една шанса на двете страни на теренот.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Брегот на Слоновата Коска, откако во 20. минута Конан стрелаше покрај голот на Норвежаните. Нова шанса африканците имаа во 28. минута, но Николас Пепе не се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник.

Норвежаните ги казнија шансите на Бск со прекрасен гол на Нуса во 39. минута за водство од 1-0.

Côte d'Ivoire 0 – [1] Norway – Antonio Nusa goal 39'
byu/Ihattaren insoccer

До крајот на првиот дел Норвешка имаше нова шанса, но Ерлинг Халанд од непосредна близина биеше непрецизно.

Се вчитува...