Норвежанецот Ингебритсен урна светски рекорд на 1500 метри стар 23 години

Норвежанецот Јакоб Ингебритсен го урна светскиот рекорд на 1500 метри во сала. Тој вчера на митингот во францускиот Лиевин делницата од 1500 метри ја мина за време од 3:30.60 минути што е убедливо најдобар резултат во историјата.

Тој на трката го урна рекордот стар 23 години на Етиопјанецот, Самуел Тефера кој во 1999 година во Бирмингем постави време од 3:31.04 минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World Athletics (@worldathletics)

Се вчитува...