Норвежанецот Ворхолм го урна 29 години стариот светски рекорд на 400 метри со пречки

Норвешкиот атлетичар Карстен Ворхолм успеа да го урне светскиот рекорд на 400 метри со пречки стар скоро 29 години, кој на ЛОИ во Барселона го постигна легендарниот Американец Кевин Јанг.

Ворхолм на вчерашната трка во Осло од Дијамантската лига успеа делницата да ја истрча за време од 46.70 секунди, што беше за осум стотинки побрзо од остварувањето на легендарниот Јанг.

 

Се вчитува...