Норвежанките преку Шпанија до четвртфинале на СП

Репрезентацијата на Норвешка очекувано го продолжува настапот во четвртфиналето на Светското првенство во Германија. Актуелните светски шампионки во осминафиналниот дуел ја победија Шпанија со 31-23 .

Норевжанките демонстрираа супериорност на теренот и беа во резултатска предност од почетокот до крајот на меќот. На полувремето репрезентацијата на Норвешка имаше водство од 13-10, а во вториот дел ја зголемија позитивата и без посериозни проблеми стигнаа до четвртфиналето на СП во кое ги очекува дуелот со Русија. Нора Мерк ја предводеше норвешката репрезентација со 11 гола.

Последниот осминафинален натпревар меѓу Холандија и Јапонија во регуларниот дел заврши нерешено (20-20), a по одигрувањето на продолженијата, Холандија забележа победа за четвртфинале со 26-24. Во четвртфиналето. Холанѓанките ќе играат против селекцијата на Чешка.

Четвртфинални двојки на СП:

Чешка – Холандија

Норвешка – Русија

Шведска – Данска

Франција – Црна Гора

Се вчитува...