Носеше копачки со ликот на Коби на „Камп Ноу“ (ФОТО)

Хетафе загуби од Барселона на „Камп Ноу“ со 2-1, а Бразилецот Кенеди доби шанса да заигра во редовите на гостинскиот тим во второто полувреме. Ќе остане запаметен по мотивот на копачките што го носеше на овој меч, со ликот на Коби Брајант.

Кенеди во детството бил восхитен од фантастичните игри на легендарниот НБА кошаркар на ЛА Лејкерс кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со ќерката Џана. Одлучи да му посвети омаж на Коби Брајант носејќи го неговиот лик на копачките на натпреварот против Барселона.

Се вчитува...