Нотингем Форест го ангажираше 16-от фудбалер ова лето

Морган Гибс-Вајт е 16. засилување за Нотингем Форест ова лето, потврди клубот. Повратникот во Премиерлигата за услугите на младиот Англичанец издвои 30 милиони евра кои ќе бидат уплатени на сметката на Вулверхемптон.

Нотингем Форест по повеќе од деценија се врати во елитното фудбалско натпреварување, а намерува да остане и во следните сезони. Со таа цел претходно беа ангажирани Хендерсон, Хенеси, Кујате, Лингард, Агилера, Тофоло, О’Брајан, Ричардс, Фројлер, Бјанконе, Мангала, Денис, Вилијамс и Авонији.

Во првото коло двократниот освојувач на Лигата на Шампионите претпе пораз од Њукасл, но веќе во второто коло стигна и до првите три бода, совладувајќи го Вест Хем. „Шумарите“ овој викенд му гостуваат на Евертон.

Се вчитува...