Нов безобразлук од Бејл: Си замина од „Бернабеу“ додека соиграчите се бореа за пресврт против Реал Сосиедад

Најскапоплатениот голфер во историјата на Реал Мадрид, Герет Бејл, со нов безобразлук во серијата иритации кон навивачите на кралскиот клуб. Велшанецот петти пат во последните години е фатен како го напушта „Сантијаго Бернабеу“ додека се уште траат натпреварите на Реал.

Синоќа замина во 82. минута при водство на Реал Сосиедад од 1-4 во кралскиот Куп. Шпанските медиуми пренесуваат дека одбрал бегство од „Бернабеу“ и покрај тоа што Реал во финишот дојде во ситуација да се бори за израмнување.

Бејл, за кого ова беше четврти едноподруго натпревар да не игра за Реал, првпат избега од стадионот уште на незавршен натпревар на почетокот од минатата година. Тогаш замина во 78. минута, иако интерниот правилник на Реал дозволува заминување по 80. минута. Факт е дека сите фудбалери кои не играат, по натпреварите секогаш ја посетуваат соблекувалната да бидат со соиграчите. Но, тоа не важи за Бејл.

Се вчитува...