Нов договор: Мејсон Маунт не мрда од Челси

Челси и Мејсон Маунт се блиску до продолжување на соработката со нов долгогодишен и далеку побогат договор, пренесуваат англиските медиуми. Сега фокусот на 23-годишникот е на Светското првенство во Катар, но се очекува потписот да биде ставен по завршувањето на Мундијалот.

Маунт потекнува од младинската школа на Челси, а добиената шанса во првиот тим ја искористи беспрекорно. Досега одигра 181 натпревар за „сините“ во сите конкуренции на кои постигна 32 гола и 37 асистираше до соиграчите.

Добрите настапи го примамија интересот и од останатите великани на европскиот фудбал, но тој самиот сака да остане во клубот од детството. Како потсетување, претходно договорот до 2028 година го продолжи и Рис Џејмс, а ваков потпис се очекува и од Маунт.

Се вчитува...