Нов допинг-скандал, повторно е вмешана Русија

Нов допинг-скандал е на повидок, и повторно во него е вмешана Русија, откако ФИФА објави листа од 19 фудбалери за кои постојат сериозни сомнежи дека користеле недозволени супстанци. Станува збор за контрола над примероци од крв и урина зземени пред неколку години, а ФИФА побарала докази од руската анти-допинг агенција, од каде добиле одговор дека примероците мистериозно исчезнале.

Според правилата, националните агенции се должни да ги чуваат доказите најмалку десет години и да ги предадат на ФИФА доколку оваа организација побара такво нешто од нив. Челниците на ФИФА се бесништо повторно се вклучени во скандал и веќе побарале дополнителни објаснувања и истрага. Со барањето следела и закана дека доколку примероците не бидат доставени во следниот период, ќе се стартува нова истрага против Русија што ќе донесе и ригорозна казна.

На листата од играчи под сомнеж за допинг најзвучно име е поранешниот член на ЦСКА Москва, Кеисуке Хонда.

Само за потсетување, Русија беше во фокусот на светската јавност поради допинг-скандал за време на ЗОИ во Сочи, поради што следеа бројни суспензии на руските спортисти.

Се вчитува...