Нов државен рекорд на Поп Арсова на 5.000 метри на Балканското првенство во Бугарија

Најдобрата македонска маратонка, Адријана Поп Арсова запиша најзабележителен резултат од македонските атлетичари на Балканското првенство во Бугарија поставувајќи нов државен рекорд на 5.000 метри.

Поп Арсова патеката од 5.000 метри ја истрча со време од 18:09.22 што е нов апсолутен македонски рекорд во женска конкуренција.

Од останатите македонски атлетичари Јован Стојоски заврши на 4.место на 400 метри, и како шестопласиран на 200 метри.

Се вчитува...