Нов фудбалски „земјотрес“ во Шпанија: Роналдо не е задоволен во Јунајтед, Португалецот сака трансфер во Барселона!

Заминувањето на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед станува сѐ поизвесено, откако одекнаа гласини од Каталонија дека објави дека Португалецот сам ѝ се понудил на Барселона и тоа преку неговиот пријател Жерар Пике.

Ваквата вест ја пренесува „Ел мундо депортиво“, иако засега не е познато колку сето ова е реално, но факт е дека ветеранот не е задоволен од резултатите и промените кај „ѓаволите“. Реномираниот медиум од Пиринеите пишува дека Роналдо го контактирал капитенот на Каталонците за да му пренесе на тренерот Чави Ернандез дека би можел да го има во своите редови.

Истовремено, во акција стапил и неговиот менаџер Хорхе Мендеш, кој, наводно, почнал директни преговори со претседателот на Барса, Хуан Лапорта.

Денес во Шпанија е ден на шегата, што значи дека оваа вест треба да биде земена со резерва, имајќи предвид дека Роналдо е еден од најголемите ривали на каталонскиот клуб. Португалецот 10 години играше за Реал Мадрид, а заедно со Меси приредија историски моменти во Ла Лига и популарното „Ел Класико“.

Сепак сето ова не е вистина бидејќи денеска во Шпанија е ден на шегата.

Се вчитува...