Сезоната на Борусија Менхенгладбах тргна во надолна линија откако пред неколку месеци беше објавено дека тренерот Марко Росе ќе ја напушти оваа екипа на крајот на сезонава, потпишувајќи договор со Борусија Дортмунд. Сега клубот од Менхенгладбах се реши на ист чекор, потпишувајќи предвреме тренер кој бележи добри резултати со својот актуелен клуб – Ади Хитер од Ајнтрахт.
Тимот на Ајнтрахт има сосема просечна екипа од играчки план, а токму Хитер е посочен како најзаслужен што овој тим моментно се наоѓа на четвртото место на табелата, со огромни шанси за влез во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Токму поради ова Борусија реши да го доведе овој стручњак на кормилото, притоа плаќајќи му на Ајнтрахт 7,5 милиони евра како отштета за тренерот.
Германските медиуми најавуваат дека ова би можело да биде „почеток на крајот“ на еволуцијата на бундеслигашот од Франкфурт. Спортскиот директор Фреди Бобич исто така се подготвува за заминување и најверојатно ќе се пресели во Херта, а најавено е дека летово клупските бои би можеле да ги променат и двајцата најдобри фудбалери на тимот, португалкиот голгетер Андре Силва и српскиот репрезентативец Филип Костиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА