Нов извонреден резултат на Поп Арсова: Подобрен државниот рекорд на полумаратон за 4 минути и 34 секунди

Нов извонреден резултат на најдобрата македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова. На 14. издание на атлетската манифестација „Трчаме кон целта“, Поп Арсова постави нов државен рекорд во полумаратон подобрувајќи го стариот за цели 4 минути и 34 секунди.

Денешната полумаратонска трка членката на АК Делта ја истрча со време од 1 час и 20 минути што е најдобар резултат на сите времиња. Претходниот рекорд изнесуваше 1:24.34 часа, исто така во нејзина сопственост истрчан на маратонот во Подгорица во 2017 година.

„Ова е резултат со кој Адријана се вметнува и во врвот на Балканот со едно од најдобрите остварувања и на регионално ниво. Сето тоа ни носи дополнителен мотив и за уште поголеми успеси во иднина“ – вели и тренерот на Поп Арсова од АК Делта, Игор Јакимовски.

Се вчитува...