Нов „кикс“ на Лестер, убедливи победи на Јунајтед и на Челси

Лестер дефинитивно губи здив во трката за највисок пласман откако „лисиците“ попладнево на домашен терен загубија од Саутемптон со 1-2. Прает ги донесе домаќините во водство во 14. минута и најави рутинска победа, но Армстронг го израмни резултатот пред крајот на полувремето. Голот за сензационален триумф на Саутемптон го постигна поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дени Ингс, на девет минути до крајот. „Лисиците“ постигнаа гол за израмнување во 90. минута преку Еванс, но истиот беше поништен со ВАР поради офсајд.

Манчестер Јунајтед убедливо триумфираше над Норвич со 4-0, како увертира за гостувањето против Ливерпул следниот викенд. Маркус Рашфорд ја потврди одличната форма со два нови погодоци, а по еднаш мрежата на гостите ја затресоа Марсијал и Гринвуд.

Челси ја прекина серијата слаби игри на домашен терен, на „Стемфорд бриџ“ славејќи над Барнли со 3-0. Жоргињо го отвори резултатот од пенал, по што печат на победата ставија Абрахам и Хадсон Одои.

Резултати Англија: 

К. Палас – Арсенал 1-1, Челси – Барнли 3-0, Евертон – Брајтон 1-0, Лестер – Саутемптон 1-2, Вулверхемптон – Њукасл 1-1, Манчестер Ј. – Норвич 4-0.

Се вчитува...