Нов кикс на Леверкузен, тврдиот Хофенхајм дозволи само реми и поделба на бодовите

Баер Леверкузен на гостински терен не успеа да го победи Хофенхајм, па на крајот и двата тима се задоволија со поделба на бодовите откако ремизираа со 0-0, во натпревар од 28. коло во германската Бундеслига.

Во првото полуверме и двата тима не беа на висина на задачата, статистиката покажа премногу лесни загубени топки и слаба контрола и концетрација кај фудбалерите на теренот. Најсериозната шанса ја имаше тимот на Леверкузен во 25. минута, но Оливер Бауман успеа да одрбани и не дозволи да биде затресена мрежата на домаќините.

Вториот дел од натпреварот не беше ништо поразличен од првиот, фудбалерите на Леверкузен се мачеа и обидуваа, а домаќините чекаа контранапад, па ваквиот начин на игра не донесе голови ниту значајни бодови за двата тима.

Со ова реми Леверкузен останува и понатаму на 6-та позиција со 44 бода и се уште се бори за пласман во Лигата на Европа следната сезона. Хофенхајм ја зазема 12-та позиција со 31 бод.

 

 

 

 

Се вчитува...